Работнички го претрпе првиот пораз сезонава на гостувањето против Блокотехна, а Марин Докузовски беше најнезадоволен од пристапот на своите кошаркари. Трофејниот стратег им ја честиташе победата на домаќините посочувајќи дека токму нивната желба за триумф беше клучен фактор на денешниот дерби-натпревар.
„Честитки за тимот на Блокотехна, чии кошаркари двојно повеќе ја посакуваа победата од нас и заслужено стигнаа до победата. Игравме слабо во нападот, по мои стандарди не бевме добри ниту во одбраната, а разочарувачки делуваше недоволната агресивност. Самиот податок дека имаме десетина скока помалку од домаќините е доволен доказ за нашето катастрофално издание, со кое поразот беше неизбежен. Немаше да биде чесно ако Работнички го добиеше овој натпревар, триумфот на домаќините е заслужен“ – изјави Докузовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА