Докузовски: Овие играчи се за резерви, го понижија и Работнички и финалето

За катастрофалното издание на Работнички во високиот пораз од МЗТ Скопје Аеродром, кошаркарите на актуелниот шампион најжестоки критики добија од предводникот Марин Докузовски. Тој не штедеше зборови во објаснувањето за тоа колку лошо изгледаше неговиот тим во првиот меч од финалната серија.

„Ние немаме играчи за измени и кога немате ден, нормално е да случи ова. МЗТ си играше константно. Кога се игра финале може да не ти оди шутот, може да не ти оди нападот, не не може да не ти оди одбраната. За одбрана треба срце. Се играле финалиња и со послаби тимови, но тие биле борци. Овие играчи се за резерви, не се за првиот тим на Работнички. Најмногу ми е срам од непочитувањето, и на финалето  и на клубот. Срам ми е од тоа што се предадовме. Јас такви играчи не почитувам. Се бориме да има повеќе македонски играчи, еве видете дали го заслужуваат тоа. Ваков пораз не сум доживеал. Имате домашни играчи, гостински играчи и играчи. Нашиве не што не се гостински играчи, туку не се воопшто играчи“ – рече Докузовски.

Се вчитува...