Марин Докузовски го одведе Работнички до уште едно финале во плејофот откако вечерва по голема битка славеше над Блокотехна.
„Сметам дека пресудно беше искуството на моите играчи, покажавме умешност на крајот, погодивме клучни шутеви. Знаете, големината на играчите се гледа кога се решава мечот, а ние доминиравме во завршницата“ – истакна Докузовски по големата победа.
Време за одмор нема, бидејќи веќе в петок стартува финалната серија со МЗТ Скопје.
„Јас се изморив од ова полуфинале, а камоли моите играчи. Јасно е дека во финалето мотивите се огромни и ќе сториме се за да се покажеме во добро свето. МЗТ повеќе одмораше, има и поголем фонд на играчи. За мене, најважно е да направиме убаво финале, добра атмосфера, па нека победи подобриот“ – порачува стратегот на Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

