Марин Докузовски смета дека прекинот на денешниот дуел не оди во полза на Работнички, со оглед на фактот дека „црвено-белите“ имаа целосна контрола на резултатот до моментот кога судиите одлучија мечот да се доигра утре, со почеток во 18 часот без присуство на навивачи.
„Мислам дека објективно ние сме во полоша ситуација затоа што имавме и игра и резултат, водевме цело време и го контролиравме натпреварот, а сега треба да продолжиме утре. Не знам како ќе заврши, искрено кажано се загуби и меракот. По подолго време видовме полна сала, убава игра од двете екипи… јас и пред дербито кажав дека овој дуел не одлучува нешто специјално, но жалам што во ваква убава атмосфера не заврши до крај“ – изјави тренерот на Работнички веднаш по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА