Работнички има почетно водство од 1-0 во финалната серија против МЗТ Скопје, па јасно е дека Марин Докузовски има причина за задоволство од вечерашниот триумф.
„Мислам дека влеговме со голем притисок и во одбрана не игравме како што треба три четвртини. Не го испочитувавме она што го договоривме пред мечот, а МЗТ одигра одлично и контролираше три четвртини од натпреварот. На крајот сепак одлучи нашата одбрана, проработе и нападот, но клучно беше што во дефанзива бевме на висина на задачата кога беше најважно. Повредата на Мираковски е хендикеп за нас во оваа финална серија остануваме без еден клучен играч во ротацијата, ќе треба да се подготвиме за наредниот натпревар без негова помош. Имаме предност и тоа ни дава малку простор за олеснување пред мечот во Аеродром, сега притисокот ќе биде врз МЗТ, така што тие уште помотивирани ќе мора да влезат во таа средба“ – изјави Докузовски.
Искусниот стручњак изрази задоволство и што целиот натпревар мина без ниту еден посериозен инцидент, ниту пак дојде до прекин.
„За мене е многу важно што мечот беше привлечен за навивачите и што немаше ниту еден единствен инцидент. Ова е сепак финале и доликува акцент да се стави на случувањата на теренот, се надевам дека до крајот на серијата се ќе мине во најдобар ред“ – порача шефот на стручниот штаб на Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА