По вчерашниот пораз од Струга пред своите навивачи, екипата на Радовиш, очигледно ќе има нов тренер за продолжението на сезоната.
Досегашниот тренер Александар Долдуров си поднесе оставка од клупата на тимот, откако нанижа 16 порази во исто толку натпревари сезонава во Суперлигата на Македонија.
Долдуров е човекот кој минатата сезона го врати Радовиш во елитата, но по лошите резултати сега се одлучи на повлекување. Радовиш до крајот на годината го очекуваат уште дуелите со големите фаворити Вардар и Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

