Словенците се бесни на судиите кои, според нив, им ја украдоа победата против Германија, на синоќешниот меч во рамките на второто коло од Европското ракометно првенство во Хрватска. Се јави и Јуре Доленец, повредениот ракометар на Барселона, кој не можеше да биде дел од словенечкиот национален тим, кој јавно истакна дека на 11 секунди пред крајот Германците направиле идентично попречување на „брз центар“, но не биле казнети за тоа.
„Дали е тоа Германец во кругот на 11 секунди пред крајот? Да, јасно ми е, судиите ги вратиле само последните десет секунди кога гледале во мониторот“, истакна Доленец.
Германија по истекот на регуларниот тек од натпреварот, а по долго прегледување на снимката со ВАР технологија, од судиите добија седмерец, откако го исклучија Блаж Благотиншек, затоа што непрописно (во кругот што го означува центарот на теренот) спречувал изведување на ’брз центар’ на противникот. Тобијас Рајхман успешно го изведе седмерецот и Германија стигна до израмнување (25-25) избегнувајќи пораз.
Но, само 11 секунди претходно, речиси идентична грешка не е санкционирана за германскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА