На Реал Мадрид не им оди добро ниту на резултатски план периодов, но ниту на останатите полиња од работата на клубот. Во последните неколку месеци не можеа да најдат заеднички јазик ниту за една од најголемите ѕвезди во клубот – Винисиус Жуниор.
Имено, Бразилецот упорно не сака да го прифати она што му го нудат челниците на Реал Мадрид и сака да истрае во својот план и да биде оној што одлучува какви приходи ќе има.
Моментално, Винисиус Жуниор заработува околу 18 милиони евра и има откупна клаузула во договорот што изнесува една милијарда евра.
Во текот на 2025 година, Реал Мадрид испрати неколку понуди за продолжување на договорот до агентите на Виникус, но секој пат беа одбивани бидејќи Бразилецот не е задоволен од понудата.
На сите им стана јасно дека Винисиус сака да биде над Килијан Мбапе, кој наводно заработува околу 30 милиони евра, но Перез нема да го дозволи тоа.
Долго време, Винисиус Жуниор го тестираше трпението на Флорентино Перез со неговите одбивања на понудите, и конечно претседателот на Реал Мадрид се засити. Првиот човек на Реал Мадрид одлучи да не испраќа нови понуди до Винисиус Жуниор кога станува збор за продолжување на соработката.
„Реал Мадрид ги информираше Вини Жуниор и неговите агенти дека клубот нема да дава нови понуди во врска со продолжувањето на соработката. Тој има опција да потпише договор кој е на маса со месеци или да биде продаден во летото 2026 година за да избегне да го напушти Реал Мадрид како слободен агент во 2027 година“, тврдат новинарите на „Ле Журнал ду Реал“.
🚨 BREAKING: Real Madrid have informed Vini Jr and his agents that the club will make NO MORE contract renewal offers.
He either signs the deal that’s been on the table for months now, or he will be put up for sale in summer 2026, in order to avoid him leaving for free in 2027.… pic.twitter.com/RCODpVvECR
— Madrid Zone (@theMadridZone) December 11, 2025
Значи, Винисиус има понуда од 20 милиони евра по сезона на маса, што е далеку помалку од она што го заработува Мбапе, но тешко е да се очекува дека ќе ја прифати таа понуда.
Така, Бразилецот би можел да се види во нов клуб почнувајќи од следното лето, а покрај тимовите од Саудиска Арабија, за него се распрашуваа и клубови од Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

