Екс претседателскиот кандидат за Барселона, Виктор Фонт верува дека актуелниот прв човек на клубот Жоан Лапорта, лаже за финансиската ситуација на Барселона.
Фонт испрати јавни критики до актуелното раководство на клубот од Каталонија, напоменувајќи дека тие не можат да управуваат со клубот, а поднесуваат лажни извештаи.
„Лапорта е ист како Бартомеу. Не може да управува и дава лажни извештаи. Отворено нè залажуваат. Во изминатите четири години потрошивме 1,041 милијарди евра повеќе отколку што заработивме. Очигледно, таквите трошоци се делумно наследство на Бартомеу во однос на платите и другите околности. Нашите приходи се многу помали отколку во времето на Бартомеу. Лапорта собра кредити. Претходно имавме долг од 1,15 милијарди, а сега веќе е 1,3 милијарди Ако се земе предвид Еспаи Барса, веќе должиме 2,484 милијарди. Ние ги прекршуваме законите затоа што нашите долгови се повеќе од двојно повеќе од нашиот буџет“, рече Фонт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА