Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Омар Берард, денес изјави дека фудбалскиот клуб ги жнее позитивните финансиски ефекти од програмата за отпуштања, откако неговите најнови финансиски резултати покажаа зголемување на профитот и покрај падот на приходите.
Иако тимот не е во европските натпреварувања оваа сезона, клубот оствари оперативен профит од 32,6 милиони фунти во првите шест месеци од финансиската година, во споредба со загуба од 3,9 милиони фунти во истиот период минатата година, објави „Скај“. Оперативната добивка за последниот квартал изнесуваше 19,6 милиони фунти во споредба со 3,1 милиони фунти минатата година.
Бројките доаѓаат по масовна програма на отпуштања и реструктуирање на клубот под водство на Сер Ратклиф. Вкупните приходи на Јунајтед за вториот квартал од фискалната година изнесуваа 190,3 милиони фунти, што е намалување во однос на 198,7 милиони фунти за истиот период минатата година.
Комерцијалните приходи паднаа од 85,1 милиони фунти на 78,5 милиони фунти, а приходите од натпреварите паднаа од 52 милиони фунти на 49,5 милиони фунти бидејќи тимот не играше во Лигата на шампионите оваа сезона.
Англиските клубови заработија помеѓу 73 и 86 милиони фунти оваа сезона играјќи во Лигата на шампионите.
Со долгот од преземање на клубот од семејството Глејзер и дополнителни обврски наведени повеќе од 500 милиони фунти, од кои поголемиот дел се неплатени трансфери, клубот должеше 1,29 милијарди фунти на крајот од минатата година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

