Искусниот стопер Домагој Вида на 35-годишна возраст официјално се пензионираше од настапите за хрватската репрезетнација за која одигра 105 натпревари и чиј дел беше од најголемите успеси притоа освојувајќи три медали.
Тој оваа одлука прво ја соопштил до селекторот Златко Далиќ и хрватската фудбалска репрезентација, а потоа се огласи и преку социјалните мрежи со емотивна порака.
„Кога на 23. мај 2010 година пред своето семејство, пријателите и моите Славонци дебитирав за хрватската фудбалска репрезентација, мислев дека го остварив својот сон. Нешто повеќе од 14 години подоцна, знам дека тоа беше само почеток на најубавата приказна во мојот фудбалски живот. И колку да е тешко да се состават овие зборови, полесно ми е кога знам дека сум побогат за се она што го доживеав.
Чест е еднаш да се облече хрватскиот дрес, а кога тоа ќе го направите 105 пати и ќе заиграте на седум големи натпреварувања со освоени три медали тогаш можете само да сте благодарни за таквата привилегија“, пишува меѓудругото Вида.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА