Домаќинот Русија без „најдобриот“ на СП

Домаќинот на претстојното Светско првенство, Русија, на мундијалот ќе биде без најдобриот поединец во селекцијата, напаѓачот Аленсандр Кокорин. Фудбалерот на Зенит вчера се повреди за време на реванш пресметката против Лајпциг во Лигата на Европа, мечот во кој Зенит при конечни 1-1 (1-2) претрпе елиминација од европското натпреварување.

Рускиот голгетер ги скина лигаментите на коленото, при дуел кој на прв момент се чинеше безопасен. Кокорин сосема невнимателно влезе во дуел со Орбан, направи фаул поставувајќи ја високо ногата, но на крајот се повреди сам, му страдаа лигаментите и сега ја остава својата репрезентација на цедило пред толку очекуваното Светско првенство.

Кокорин сезонава се наметна меѓу најдобрите стрелци во Лигата на Европа, со шест погодоци и една асистенција.

 

Се вчитува...