Домашен притвор во луксуз – на Роналдињо нема да му фали ама баш ништо (фото)

Роналдињо денеска конечно го напушти притворот во Парагвај, откако судот ја прифати кауцијата во висина од 1,6 милиони долари и му одреди домашен притвор.

Бидејќи Бразилецот е странец во оваа јужноамериканска земја, тој домашниот притвор ќе го „одлежува“ во хотел, и тоа не било каков, туку најлуксузниот во Асунсион. Станува збор за истиот хотел каде што Роналдињо и неговиот брат требаше да престојуват пред да бидат приведени од парагвајските власти, а по излегувањето од притвор за нив е резервиран претседателскиот апартман, чие изнајмнување чини над илјада долари по вечер.

Роналдињо ќе ужива во просторот од околу 200 квадратни метри, згора на тоа ќе може да ги користи салата за вежбање и базените во хотелот, каде ќе мора да остане до завршувањето на судскиот процес против него.

Погледнете како изгледа претседателскиот апартман во хотелот во Асунсион…

Се вчитува...