Работнички и Шкупи го комплетираа мизерниот прв дел од оваа сезона со нови домашни порази, по кои поранешните шампиони на Македонија останаа „закопани“ на последните две места на табелата, како главни кандидати за преселба во понизок ранг на натпреварување.
Работнички се надеваше на добра партија против Силекс, но „романтичарите“ повторно разочараа губејќи лесно со 0-3. Мирчевски беше херојот на кратовци, со два брзи гола во првото полувреме стигнувајќи до девет постигнати погодоци сезонава во ПМФЛ. Работнички капитулираше, а гостите од Кратово го искористија тоа и преку Додев во самиот крај од првото полувреме зголемија на 0-3, резултат што се покажа и како конечен за оваа средба.
Шкупи останува закован на дното со само еден бод откако оваа екипа загуби од Брера со 1-3. Струмичани побегнаа од опасната зона со фуриозен старт, откако во првите 17 минути поведоа со 0-2 со головите на Макиќ и на Ивановски. Тодоров зголеми на 0-3 во второто полувреме, а утешниот погодок за Шкупи беше дело на Шуку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

