Кошаркарскиот клуб Макаби претрпе големи финансиски загуби поради конфликтот на Израел со Палестина и тоа што мора мечевите да ги игра надвор од татковината. Како што пренесува локалниот портал „Израел Хајом“, домаќинството во Белград го чинело клубот 3,8 милиони евра, а целата сезона ќе го чини околу 5,1 милиони евра.
Макаби секоја сезона продава околу 10.000 годишни билети, а годинава тоа не беше возможно бидејќи во Белград се игра пред празни трибини, а во Израел не беше можно поради воената состојба.
Парите од билетите сочинуваат речиси половина од буџетот. Со оглед на тоа што буџетот на клубот изнесуваше 23 милиони евра, според пресметката се работи за сериозни загуби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА