Најдобриот ски-скокач на денешницата Домен Превц стигна до убедлива победа на леталницата на домашен терен на Планица.
Словенецот до победата на домашен терен стигна со два доминантни скока од 232.5 и 230.5 метри.
Второто место му припадна на Јапонецот, Рен Никаидо, додека подиумот го надополни Австриецот, Даниел Чофениг.
Teжок пад имаше лидерот до денешните скокови во сезоната во скијачки летови, Австриецот Штефан Ембахер кој по прелетаните 240 метри доживеа пад поради кој мораше да му биде укажана помош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

