Брилијантниот Домен Превц го освои 74-то издание на Новогодишната турнеја во скијачки скокови, која заврши вечерва на четвртата станица од турнејата во Бишофсхофен. Превц ја потврди својата одлична форма, и заврши како второпласиран во Бишофсхофен, доволно за да има 41 поен повеќе од второпласираниот Јан Херл.
Превц запиша две победи на турнејата, и два пати беше втор. Даниел Чофениг од Австрија стигна до триумфот во Бишосхофен, додека Рјоја Кобајаши беше трет.
Покрај победата на Новогодишната турнеја, Домен Превц ја испиша и историјата на скијачките скокови на 6 јануари 2026 година. Неговиот брат Петер Превц ја освои Новогодишната турнеја во 2016 година, а „Златниот орел“ на Домен од оваа сезона значеше дека за прв пат во историјата на скијачките скокови, двајца браќа ја имаат освоено Новогодишната турнеја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

