Стефано Доменикали ќе остане претседател и извршен директор на Формула 1 менаџментот уште најмалку пет години, објави сопственикот на комерцијалните права на шампионатот „Либерти медија“.
Поранешниот тимски шеф на Ферари ја презеде Формула 1 на почетокот на 2021 година и под негово водство спортот постигна значителен напредок, како во однос на глобалниот интерес на навивачите, така и во однос на растот на приходите.
Доменикали е вториот извршен директор на ФОМ по Чејс Кери, кој беше назначен на позицијата откако Либерти Медија ги откупи комерцијалните права за Ф1 во 2017 година.
Новиот договор ќе предвиди Доменикали да го води ФОМ до крајот на 2029 година, поништувајќи ги гласините дека ќе ја напушти Формула 1 за да го води Мото ГП, каде што Либерти Медија исто така се здоби со комерцијални права на шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

