Доминантна победа на Пјастри во Бахраин

Оскар Пјастри успеа да слави на трката за ГН на Бахраин, откако возачот на Мекларен извозе перфектно од почеток до крај и заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот. Австралиецот ја почна трката од пол-позицијата, успеа да се задржи на чело на колоната во интересниот старт, а потоа не дозволи победата во ниту еден момент да му биде доведена во прашање.

Макс Ферстапен и Ред Бул повторно се соочија со сериозни проблеми со болидот, очигледно беше дека Ред Бул не е доволно конкурентен на оваа трка, а откако по слабиот старт падна на деветтото место, актуелниот светски првак не успеа да се вмеша во трката за висок пласман и на крајот го освои скромното  седмо место.

Ферари имаше чудна тимска стратегија околу изборот на гуми, па италијанскиот тим беше далеку од битката за триумф. Леклер до пред самиот крај го имаше третото место, но во финишот беше престигнат од Ландо Норис.

Зад недостижниот Пјастри, кој стана прв возач со две победи сезонава, второто место му припадна на Џорџ Расел, пред Норис, Леклер, Хамилтон, Гасли, Ферстапен, Окон, Цунода…

Се вчитува...