Доминантниот Ѓоковиќ во два сета го „збриша“ Надал за осминафинале на ЛОИ

Новак Ѓоковиќ одигра доминантен натпревар против вечниот ривал Рафаел Надал во 1/16 финалето на Летните олимписки игри во Париз. Српскиот и шпанскиот тенисер го одиграа јубилиејниот 60-ти меѓусебен натпревар кој му припадна на вториот рекет на светот со 2-0.

Србинот беше доминантен во првиот сет, добивајќи брејк топки за убедливи 6-1. Ѓоковиќ одлично го започна и вториот сет во кој поведе со 4-0, но Шпанецот не се предаде. Напротив Надал одигра одлични четири гемови па изедначи на 4-4, но немаше сили за целосен камбек. Српскиот тенисер ги доби преостанатите два сета па со триумф од 6-4 се пласираше во следната фаза.

Во осминафиналето Ѓоковиќ за противник ќе го има подобриот од сребата помеѓу Доминик Копфер и Матео Арналди.

Се вчитува...