Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез по девети пат ја освои шампионската титула во Мото ГП благодарение на второто место освоено на Големата награда на Јапонија на која пред него заврши клупскиот колега Франческо Бањаја.
Марк кој оваа сезона за најголем противник го имаше неговиот помлад брат Алекс успеа да ја врати титулата во своја сопственост по шестгодишна пауза со што стана првиот на кој му успеало.
Оваа титула воедно го изедначи и со Валентино Роси по што двајцата сега имаат по седум шампионски титули во кралската класа, а вкупно девет. Повеќе титули од нив во најсилната категорија има само Џакомо Агостини кој застана на бројот осум, а тој е и рекордер по бројот на освоени титули со 15.
Comeback: complete ✅#MotoGP crown: retaken 👑
Emotions: out of control 🥹#MoreThanANumber pic.twitter.com/mLS6wlphZA— MotoGP™🏁 (@MotoGP) September 28, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

