Доминантниот Охрид со висока предност ќе гостува во Чешка

Охрид стигна до голема предност во осминафиналниот двомеч против Дукла Прага во Европскиот Куп славејќи со 30-21 на домашен терен.

Охрид доминантно го започна натпреварот со перфектна игра во нападот и одбраната за предност од 8-0 со која го диктираше темпото за висок триумф.

„Сино-белите“ беа блиску и до двоцифрена предност на полувремето, но позитивата од девет голови беше намалена од страна на Чесите на 16-9.

Охрид сепак стигна до двоцифрена предност во вторите 30. минута, во еден момент имаше предност и од 13 голови, но потфрли во финишот на средбата, а гостите успеаја да ја искористат шансата за да намалат на само девет.

Џукиќ со осум голови беше лидер на Охрид, додека него го следеше Иванковиќ со седум. Војтела, Дуда и Брезина со седум голови ја предводеа Дукла.

Се вчитува...