Доминација: Хаџиќ заслужено МВП, тројца „пелистерци“ во идеалниот тим

Младинците на Е. Пелистер остварија фантастичен успех на турнирот во Букурешт, каде со две победи над Киелце и над Динамо Букурешт македонскиот тим успеа да се избори за место на фјаналфор турнирот во Келн во младинската лига на шампиони што ЕХФ за првпат ја организираше оваа сезона.

Алем Хаџиќ беше вистински лидер на „пелистерци“ на овој турнир постигнувајќи вкупно 26 гола на двете одиграни средби, по што бекот на Е. Пелистер заслужено се закити со признанието МВП на овој турнир.

Тој воедно беше и дел од идеалниот тим на турнирот во Букурешт, каде се најдоа уште двајца ракометари на Е. Пелистер, и тоа Леонид Лозановски и Јован Марковски. Покрај нив, во дрим-тимот имаше и четири играчи на Динамо Букурешт, и тоа Думитру, Негрила, Станчиу и голманот Матеи.

Се вчитува...