ДОМИНАЦИЈА: Хамилтон со триумф до нова Ф-1 титула

Луис Хамилтон ја продолжи доминацијата во Формула 1 шампионатот откако со денешниот триумф на трката за ГН на Турција британскиот возач стигна и до седмата титула светски првак. Асот на Мерцедес доминираше во поголемиот дел од сезоната, што му овозможи на неколку трки до крајот да се закити со титулата, со што сега е рамо до рамо со Михаел Шумахер како најтрофејни возачи во историјата на Ф1.

Британецот извозе одлично и на денешната трка, што ја стартуваше од шестата позиција, но Хамилтон одговори на предизвикот, успеа да ги мине болидите пред себе и на крајот заслужено да се радува, со стил прославувајќи ја седмата титула во својата кариера.

Зад Хамилтон второто место на денешната трка го освои Перез, а третопласиран изненадувачки беше Себастијан Фетел, кој успеа да се искачи на победничкиот пиедестал. Зад Фетел се најде неговиот тимски колега од Ферари, Леклер, а Топ 10 возачите на турското гран-при ги комплетираа Саинц, Ферстапен, Албон, Норис, Строл и Рикиардо.

Се вчитува...