Американската атлетичарка Сиднеј Меклахлин-Леврон вечерва го одбрани златниот медал во трката на 400 метри со пречки, со нов светски рекорд на Олимписките игри во Париз.
Меклахлин-Леврон победи со време од 50,37 секунди, подобрувајќи го сопствениот светски рекорд.
Нејзината сонародничка Ана Кокрел освои сребро со личен рекорд од 51,87 секунди.
Бронзата ја освои Холанѓанката Фемке Бол со 52,15 секунди. Тоа е нејзин втор медал во Париз, по златото во штафетата 4 х 400 метри мешано.
Тара Дејвис-Вудхал од САД го освои златниот медал во скок во далечина на Олимписките игри во Париз. Дејвис-Вудхол победи со скок од седум метри и 10 сантиметри, од четвртата серија. Германската атлетичарка Малајка Михамбо освои сребро со 6,98 метри од петтата серија. Американката Јасмин Мур го освои бронзениот медал со 6,96 метри, колку што скокна во првата серија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА