Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас беше најбрз на двата слободни тренинзи во Формула 1 шампионатот, кои се возеа за големата награда на Шпанија, на патеката Каталуња во Барселона.
На првиот тренинг Финецот до првата позиција стигна со време од 1:17.951 илјадитинка, пред двоецот од Ферари Себастијан Фетел и Шарл Леклерк. Актуелниот шампион Луис Хамилтон заврши како четвртопласиран.
FP1 Provisional Classification
Bottas on top in Barcelona, but both Ferraris are stalking him ⏱️#F1 #SpanishGP ?? pic.twitter.com/AuKolZDyed
— Formula 1 (@F1) May 10, 2019
На вториот тренинг Ботас повторно постави најдобро време (1:17.284), но сега зад него заврши неговиот клупски колега Хамилтон, а потоа следуваа возачите на Ферари, Шарл Леклерк и Себастијан Ветел.
Halfway through FP2 (45/90 MINS)
Mercedes from Ferrari
Bottas leading Hamilton#SpanishGP ?? #F1 pic.twitter.com/N6hz6N2JPp— Formula 1 (@F1) May 10, 2019
Квалификациите за ГН на Шпанија на програмата се утре во 15 часот, а трката е закажана за во недела во 15:10 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА