Интер очекувано доминираше на гала вечерата во Милано на која беа доделени „италијанските фудбалски оскари“ за сезоната 2023/24, што „нероаѕурите“ ја завршија во голем стил, лесно стигнувајќи до шампионското скудето.
Симоне Инзаги беше избран за тренер на годината, додека МВП признанието за најдобар играч замина во рацете на Лаутаро Мартинез, кој воедно беше и најдобар стрелец со 24 постигнати погодоци минатата сезона. Маркус Турам ја доби наградата за најубав гол во сезоната, за прекрасниот погодок во триумфот од 5-1 над градскиот ривал Милан.
За одбележување на 30-годишнината од големиот триумф од 4-0 на Милан над Барселона во финалето од ЛШ, специјални награди добија Костакурта, Донадони, Албертини и Тасоти.
Воедно, беше избран и идеалниот тим на Серија А за сезоната 2023/24, во кој се најдоа: Зомер (Интер), Беланова (Торино/Аталанта), Калафиори (Болоња/Арсенал), Бастони (Интер), Димарко (Интер), Барела (Интер), Чалханоглу (Интер), Копмајнерс (Аталанта/Јувентус), Цоркзе (Болоња/Манчестер Ј.), Лаутаро Мартинез (Интер) и Турам (Интер).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА