Доминација на Кенијците на Охридскиот атлетски маратон, Кирацоски најдобар Македонец

Атлетичарите од Кенија, Марк Кипчумба Ротич во машка и Сузан Мутони во женска конкуренција триумфирааа на 32-то издание на Меѓународниот атлетски маратон во Охрид.

Делницата од 30 километри Ротич ја мина за 1 час, 42 минути и 44 секунди, додека најдобра атлетичарка имаше време од 2 часа, 8 минути и 19 секунди.

Второто место во машка конкуренција го освои Словакот Габриел Свајда (1.49.44), а трет заврши Илир Рудани од Косово (1.51.10). Најдобар македонски атлетичар беше Александар Кирацоски.

Кај атлетичарките Адријана Поп Арсова од Македонија заврши на втората позиција со време (2.09.13), а третопласирана Сања Најдовски (2.35.35).

Втора година по ред во склоп на Меѓународниот маратон се одржа и „Трката на Независноста“ долга 5 километри, на која во машка конкуренција триумфираше Григоријан Никовски со време од 18:01 минути, а во женска конкуренција победи Ања Еклер со време од 21:16 минути.

ФОТО: www.ohridnews.com.mk

РЕЗУЛТАТИ

ОХРИДСКИ МАРАТОН (30 километри)

Мажи:
1.Марк Кипчумба Ротиќ (1.42.44 часа)
2.Габриел Свајца (1.49.34)
3.Илир Рудани (1.51.10)

Жени:
1.Сузан Мутони (2.08.19 часа)
2.Адријана Поп Арсова (2.09.13)
3.Сања Најдовски (2.35.35)

ТРКА НА НЕЗАВИСНОСТА

Мажи:
1.Григоријан Никовски (18.01 минути)
2.Никола Вукелја (18.34)
3.Габриел Котевски (19.29.)

Жени:
1.Ања Еклер (21.16 минути)
2.Александра Пешова (24.25)
3.Емилија Лазороска (25.16)

Се вчитува...