Доминација на Мекларен во Шангај со триумф на Пјастри

Возачите на Мекларен доминираа на втората трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1 во Шангај за ГН на Кина.

Австралиецот Оскар Пјастри триумфираше, пред неговиот тимски колега Британецот Ландо Норис, кој победи на првата трка во Австралија пред седум дена. Ова беше трет триумф во кариерата за Пјастри.

Третото место му припадна на возачот на Мерцедес Џорџ Расел, исто како и минатата недела во Мелбурн, додека актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул ја мина целта како четврти.

Петтата и шестата позиција им припадна на возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон, а бодови освоија и Естебан Окон (Хаас), Андреа Кими Антонели (Мерцедес), Александар Албон (Вилијамс) и Оливер Берман (Хас).

Пјастри без грешка ја заврши трката, иако можеше скапо да го чини немарноста на механичарите при менувањето на гуми.

Во генералниот пласман по две трки води Норис со 44 бодови, Верстапен е втор со 36 бодови, а го следат Расел со 35 и Пјастри со 34 бодови.

Се вчитува...