Доминација на „Олимпик спорт 2007“ на Државното првенство во карате за кадети, јуниори и У21 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Карате клубот Олимпик спорт 2007 е најдобар клуб во генералниот пласман на државното првенство и плеј-офот за кадети, јуниори и помлади сениори У21 за 2019 година кој викендов се одржа во организација на Карате федерацијата на Македонија. На Државното првенство вкупно беа пријавени 43 клубови со 210 пријави, а на „плеј оф“ натпреварите настапија 35 клубови со 112 пријави на натпреварувачи.

Олимпик спорт 2007 го зеде приматот на државното првенство со вкупно 15 медали од кои 10 беа златни. Второто место на државното првенство му припадна на Макпетрол со 11 одличја, од кои четири беа златни додека, третопласиран беше КК Кеикс со шест медали (четири златни).

Во плеј-офот исто така доминираше Олимпик со 12 медали, осум злата. Второпласирани беа Кеикс со шест медали, пет злата, додека третопласирани завршија Металург со шест медали, од кои три беа златни.

Најдобрите натпреварувачи од секоја категорија по одржаното Државно првенство и плеј-оф турнир обезбедија пласман на Европското првенство во 2020 година.

Резултати Државно првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21

Резултати Плеј-оф за кадети, јуниори и помлади сениори У21

 

 

 

Се вчитува...