Доминација на премиерлигашите: Осум од десетте најскапи екипи се од Англија

Англискиот тим Манчестер Јунајтед има најскапа екипа во Светот, која вреди 1,15 милијарди евра, објави меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС). Според последното истражување, „Црвените ѓаволи“ на составување на сегашниот тим потрошиле над 1 милијарда евра.

На напаѓачи се потрошени 411 милиоини евра, на одбранбени играчи 383 милиони, 296 на играчи од средниот ред и 61 милион на голмани. Откако е на кормилото Ерик Тен Хаг, екипата потроши повеќе од 400 милиони евра.

Дури осум од десетте најскапи екипи на светот доаѓаат од Англија. На второто место е Челси, кој на сегашниот тим потрошил 1,13 милијарди евра, додека Сити на формирање на тимот потрошил 1,04 милијарди.

Чевтрта екипа е ПСЖ кој потрошил 1 милијарда евра, а екипата на Арсенал е „тешка“ 836 милиони евра. Саудискиот Ал-Хилал е единствениот неевропски клуб на ова листа. Екипата е на 18. место, и вреди 382 милиони.

Се вчитува...