Доминација на Унгарците на маратонската пливачка трка во Сена

Унгарија додаде уште два медали на своето конто во петокот наутро во дисциплината маратонско пливање на 10 километри за мажи.

Кристоф Расовски е олимписки шампион, откако унгарецот ја заврши трката за 1:50,52 часа.

Тоа е негов прв медал на Игрите, а претходно беше светски првак во трката на 5 километри и европски првак во трката на 25 километри.

Германецот Олимер Клемет го освои сребрениот медал со заостанување од 2,1 секунда. Бронзениот медал го освои уште еден Унгарец – Давид Бетлехем, кој беше 16 секунди побавен од победникот.

Се вчитува...