Одбојкарките на Работнички повторно се шампиони на Македонија, откако со 3-0 во сетови ја совладаа екипата на Струмица на гостински терен, со што ја заврши серијата со три победи, без загубен натпревар.
Во сите три сета, Работнички доминираше, едноставно беше далеку подобар противник од својот ривал, и заслужено славеше триумф по сетови 23-25, 26-28 и 19-25.
Одбојкарките на Работнички трета сезона по ред ја освојуваат шампионската титула, а ова за овој колектив беше 17-та шампионска титула во историјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА