Доминација: Она што е Баерн во Германија, тоа е Салцбург во Австрија (ФОТО)

Баерн Минхен вчера стигна до десеттата титула во низа во Бундеслигата, а стапките на германскиот состав денеска ги заследи Салцбург кој со „петардата“ против Австрија Виена ја освои деветтата титула во низа во австриското првенство.

Големиот триумф домаќините го најавија уште во 3. минута со голот на Окафор, а головите на Адејеми и Сучиќ до полувремето ги осигураа тритте бода. Црвениот картон на Мартинс во 53. минута дополнително ја олесна работата за Салцбург, а предноста на теренот до крајот беше искористена од Аронсон и Камара.

За Салцбург тоа е вкупно 16 титула во австриската Бундеслига, или 13. титула од превземањето на клубот од страна на Ред Бул во 2005 година.

Се вчитува...