Себастиен Ожие ја продолжи својата доминација во ВРЦ рели шампионатот откако по денешната трка во Австралија ја осигура шестата титула во низа.
Французинот влезе со предност во денешната трка, но Тиери Нојвил и От Танак имаа шанса да го престигнат во случај Ожие да се соочи со проблеми со возилото. Наместо тој, двајцата најголеми ривали не ја завршија трката, овозможувајќи му на бранителот на титулата да се закити со нов трофеј.
Со тоа Ожие ја продолжи француската доминација во ВРЦ шампионатот, со оглед на фактот дека пред него Себастијан Лоеб имаше девет рели-титули во низа.
Себастиен Ожие претходно најави дека по две години успешна соработка ќе го напушти тимот на Форд и ќе се врати назад во Ситроен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА