Доминацијата продолжува: Ново финале и нов трофеј за МЗТ Скопје

МЗТ Скопје ја отвори сезоната на домашната кошаркарска сцена на начин на кој го прави тоа и во последните години, со трофеј во Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ откако во финалето овој пат славеше над Пелистер со 78-64 благодарение на подобра игра во второто полувреме и во нападот и во одбраната.

Отварањето на средбата донесе игра во серии во која прво поведе МЗТ Скопје, а потоа и Пелистер, но ниеден тим не успеа да направи позначајна предност поголема од два поседа па по десет минути игра на семафорот стоеше резултат 19-21. Изедначеното темпо продолжи и на стартот на вторите 10. минути, а прв иницијативата ја превзема битолскиот тим кој со серијата на тројки на Мишковиќ и Антоин поведе со 24-34.

МЗТ Скопје одговори со далеку подобра игра во одбраната, а во нападот го имаше расположениот Слај кој со свои две тројки не дозволи „зелено-белите“ да ја задржат предноста, ја врати изедначеноста па на полувремето резултатот гласеше 35-37.

Три минутниот пост на пелистерци на стартот на второто полувреме беше искористен од МЗТ Скопје за превземање на предноста, но ниту битолчани не дозволија аеродромци да влезат во ритам па изедначеноста продолжи да биде акцент и во третата четвртина. Истата овој пат беше надмината од страна на „штрковите“ кои имаа подобра завршница на третата четвртина по која поведоа со 56-50.

Моментумот на МЗТ Скопје продолжи и во последните десет минути. Маслинко погоди за три поени, Баковиќ имаше мирна рака од линијата за слободни фралања па бранителот на трофејот поведе двоцифрено (61-50). Тајм-аутот на Петровиќ не вроди плод, избраниците на Атанасов продолжија да го диктираат темпото и приредија миреш финиш за нов трофеј.

Со 14 поени Слај беше прво име кај МЗТ Скопје, додека него го следеа Крстевски со 13 поени и Маслинко со 12 поени и 6 скокови. Најрасположен кај Пелистер беше Бојиќ со 26 поени и 8 скокови, додека Антоин реализираше 14 поени.

Се вчитува...