Доминацијата продолжува: Селтик повторно е шампион на Шкотска

Екипата на Селтик ja продолжи доминацијата во шкотската Премиер-лига откако „зелено-белите“ стигнаа до четвртата титула во низа во својата држава, повторно немајќи пресериозна конкуренција за трофејот.

Селтик во првиот меч од денешната програма му гостуваше на Данди Јунајтед, избраниците на Брендан Роџерс славеа со убедливи 0-5 и на четири рунди до крајот го осигураа новиот трофеј.

На досегашните 34 одиграни средби Селтик има 27 победи, три реми и четири порази, далеку пред вечниот ривал Глазгов Ренџерс зад кој следи Хибернијан…

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...