Доминик Ливаковиќ се враќа дома!

Од Шпанија пристигнуваат информации дека хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ треба да ја напушти Жирона и да се врати во Динамо Загреб неколку дена пред официјалниот почеток на преодниот рок.

Според шпанскиот инсајдер Нило Сола, хрватскиот голман добил зелено светло од клубот предвреме да го напушти тренинг кампот и да го заврши трансферот во клубот што му е прва и практично единствена опција со недели.

Истиот извор наведува дека Ливаковиќ многу брзо ќе си ги спакува работите и ќе се упати кон Загреб за да го потпише договорот. Со оглед на ваквите информации, сè укажува на фактот дека Динамо и Фенербахче постигнале одреден договор, можеби дури и во врска со траен трансфер со обештетување. Голема улога во целиот процес игра самиот Ливаковиќ, кој наводно инсистира на враќање на „Максимир“ и е подготвен да се откаже од значителен дел од платата што му ја гарантира договорот со турскиот клуб.

Од друга страна, дури и во редовите на хрватските вицешампиони постои силна желба репрезентативниот голман повторно да се најде меѓу головите на Динамо, а клучното прашање останува колку далеку се подготвени да одат луѓето од Загреб во преговорите со Фенербахче.

Се вчитува...