Доминик Парис е светски шампион во супервелеслалом

Италијанскиот скијач доминик Парис го направи најголемиот успех во кариерата освојувајќи го првиот златен медал од Светските алпски првенства. Тој беше најдобар на воведната дисциплина на шампионатот во Оре во машка конкуренција. специјалистот за брзите дисциплини имаше за девет стотинки подобар резултат од Французинот  Јохан Клари и Германцот Винсент Крихмајер кои со идентичен резултат го поделија среброто.

Парис претходно имаше еден сребрен медал во спуст од Светското првенство во Шалдминг од 2013 година. Тој има одлична сезона во Светскиот куп во кој доминираше на брзите трки во Бормио и во Кицбил.

Следна дисциплина во машка конкуренција е спустот закажан за в сабота, а Првенството продолжува в петок со женската комбинација.

 

Се вчитува...