Италијанецот Доминк Парис е победник на најтешкиот спуст од Алпскиот светски скијачки куп во Бормио. Тој веле меѓу легендите на оваа патека откако ја забележа третата победа во кариерата на Стелвио и се израмни со Михаел Валхофер. Парис беше за 36 стотинки побрз од сонародникот Кристоф Инерхофер. Швајцарецот Беат Фојц се качи на третото место на подиумот.
Благодарение на денешното трето место, Фојц се зацврсти на лидерската позиција во поредкот за спуст. Има 38 бода повеќе од Макс Франц. Во гернералниот пласман водечки е Марсел Хиршер, пред Франц и пред Свиндал.
За утре во Бормио е закажана супервелеслаломска трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА