Доминик Парис е победник на третиот спуст сезонава кој се возеше во италијанскиот ски-центар Бормио. Парис до четвртата победа во Бормио стигна со време од 1:49.56 минути, што беше за 39 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Швајцарец, Беат Фојц. Подиумот го надополни Австриецот, Матијас Мајер кој доцнеше 42 стотинки зад времето на победникот.
Во генералниот пласман водечки останува Норвежанецот Хенрик Кристоферсен кој не настапи на денешната трка, а во спуст водечки е Беат Фојц кој денеска го освои второто место. Утре на програмата е нова спуст трка која повторно ќе се вози во италијанскиот Бормио, додека во недела ќе се вози првата комбинација сезонава. Дамите, викендов се во австрискиот Линц каде на програмата се велеслаломска и слаломска трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА