Австриецот Доминик Тим и дефинитивно објави дека ја завршува својата професионална тениска кариера.
На само 31 година, откако испадна во првото коло на турнирот во Виена, по поразот со 6-7(6), 2-6 од Италијанецот Лучијано Дардери, Тим објави дека завршува со кариерата поради бројните повреди последниот период.
Последните години се мачеше со зглобот на десната рака поради што, се чини, предвреме ја завршува кариерата.
Зад своето име има вкупно 17 титули од кои една грандслем титула на УС Опен, а тој, како што вели, најмногу ќе ги памети петте победи против Новак Ѓоковиќ. Се пензионира како поранешен светски рекет број три.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА