Центарот на Минесота Тимбервулфс, Карл-Ентони Таунс, најверојатно ќе игра за Доминиканската Република на Светското првенство во кошарка.
Ова го повтрди претседателот на Кошаркарската федерација на Доминиканска Република Рафаел Урибе, кој по тој повод изјави дека шансите Таунс да играат се 90 проценти.
„Има взаемен интерес, секојдневно разменуваме пораки по телефон“, рече Урибе.
Таунс последен пат играше за Доминиканската Република на Купот на Америка во 2013 година. Во сезоната зад нас тој имаше просек од 20,8 поени, 8,1 скока и 4,6 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

