Дон Карло: Бевме супер 60 минути, потоа променив тактика

Тренерот на Реал, искусниот Карло Анчелоти на синоќешната прес-конференција по дебаклот на „Ел Класико“ истакна дека не треба воопшто да се крева паника за убедливиот пораз затоа што играта на тимот во поголемиот дел од мечот воопшто не била лошо.

Анчелоти го доживеа својот најболен пораз на „Ел Класико“, но вели дека само одредени нијанси на крајот го дале таквиот исход.

„Не треба да се крева паника. Се сеќавате што се случи последниот пат кога загубивме 4-0 од Барселона на овој терен. Ја освоивме ЛА Лига и Лигата на шампиони. Верувајте ми на крајот резултатите ќе бидат слични како минатата сезона. Не треба да фрлиме се во ѓубре поради еден ваков пораз“ – рече Анчелоти, притоа дополнувајќи:

„Ние бевме супер 60 минути, сосема израмнет натпревар во кој ние бевме тие со шанси да поведиме. Но, со влегувањето на Модриќ променив тактика желен да бидеме подобри еден на еден. Противникот искористи наши пропусти и забележа резултат каков што не посакувавме“.

Се вчитува...