„Дон Карло“ седна на обвинителна клупа – Се бара четири години затвор за Анчелоти!?

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, денеска се појави на обвинителна клупа во шпанскиот суд на почетокот на судењето со обвинение за даночна измама.

Според шпанските обвинители, „Дон Карло“ ја измамил државата за еден милион евра во 2014 и во 2015 година, поради што се бара затворска казна до четири години и девет месеци по две точки од обвинението, тврдејќи дека 65-годишниот стратег користел фиктивни компании за прикривање на приходите. Но, Анчелоти ги негира сите тие обвинувања.

Италијанецот се товари за периодот од 2013 до 2015 кога го предводеше Реал Мадрид, а во „кралскиот клуб“ сега повторно се врати во 2021 година. Рекордер е со пет титули во Лигата на шампионите – три со Реал Мадрид и две со Милан.

Се вчитува...