Националното универзитетско атлетско здружение (НЦАА) , кое е управно тело за универзитетски спортови во САД, им забрани на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови. Сето тоа доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп во средата ја потпиша извршната наредба „Нема мажи“ со која им се забранува на трансродовите девојки и жени да се натпреваруваат во женски спортови.
НЦАА ја смени својата политика за учество на трансродови спортисти за да дозволи само спортистки, родени како жени, да учествуваат во женските спортови. Спортистите кои се подложени на хормонска терапија, како тестостерон, исто така не смеат да се натпреваруваат во женски спортови.
Исто така, беше додадено дека трансродовите мажи сепак ќе имаат право да се натпреваруваат во машки спортови се додека ги исполнуваат сите други услови за подобност.
НЦАА претходно им дозволуваше на трансродовите жени да се натпреваруваат се додека ги исполнуваат границите на тестостерон во зависност од спортот.
Организациите за правата на ЛГБТ-заедницата ја осудија извршната наредба на Трамп како неуставна и заснована на погрешни изјави и искривувања за трансродовите лица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

