Доналд Трамп е добитник на првата награда во историјата на ФИФА за „Мир во светот“

Почна церемонијата за ждрепката за Светското првенство кое што следната година ќе се одржи во Соединетите американски држави, Канада и Мексико.

Пред почетокот на извлекувањето во Вашингтон, претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино му го додели на претседателот на Соединетите американски држави, Доналд Трамп признанието на ФИФА за „Мир во светот“.

Американскиот претседател е прв добитник на оваа награда.

 

Се вчитува...