Донарума: Екипата на ПСЖ е посплотена по заминувањето на Мбапе

Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, изјави дека тимот се променил во позитивна насока откако си замина ѕвездата Килијан Мбапе минатото лето. Во среда навечер, Французите го елиминираа Арсенал и ќе играат во финалето на Лигата на шампионите.

Донарума беше еден од хероите на мечот, откако одбрани неколку тешки удари, особено при 0-0, по што ПСЖ потоа дојде до 2-0, и си го отвори патот до финалето.

„Нашиот менталитет се промени, сега сме подобар тим. Ни недостига Килијан Мбапе, тој е еден од најдобрите играчи во светот и одличен пријател. Тимот на ПСЖ стана многу посплотен, се чувствуваме многу добро заедно. На овој начин го освоивме Европското првенство со Италија , ова е важно за сите тимови“, рече Донарума по победата од 2-1 во полуфиналниот реванш.

Во борбата за трофејот, „Светците“ ќе се соочат со Интер во Минхен на 31 мај.

Се вчитува...