Донарума ги налути „светците“ од Париз

Џанлуиџи Донарума беше меѓу најзаслужните за освоената европска титула на ПСЖ, но италијанскиот голман влезе во конфликт со управата на клубот поради одолговлекувањето при преговорите за нов договор. Италијанецот ја одработува последната година од договорот со „светците“, а информациите од Франција говорат дека во последните 12 месеци воопшто немало напредок во разговорите за продолжување на соработката.

ПСЖ ја соопштил максималната сума што може да ја понуди, што носи и зголемување на актуелната плата на голманот, но тоа очигледно е далеку под она што Донарума смета дека треба да го заработува во клубот со кој стана европски првак.

На нешто повеќе од еден месец до крајот на преодниот рок, челниците на ПСЖ се подготвени на радикален потег – продажба на својот прв чувар на мрежата. Тие не сакаат да им се повтори случајот „Килијан Мбапе“ и да дозволат важен играч да си замине без никаква отштета. Од друга страна, Донарума го искористи истиот рецепт за како слободен играч да си замине од Милан, па „светците“ со право стравуваат од вакво сценарио.

Доколку наскоро не дојде до договор за продолжување на соработката, Донарума ќе биде ставен на трансфер-листа, а во преден план би се нашол Манчестер Сити, клуб кој е подготвен да плати 60 милиони евра за да доведе нов врвен голман во своите редови.

Се вчитува...