Донарума го даруваше Арсенал, Бонифејс го „реши“ Милан, Борусија Дортмунд броеше до седум (ВИДЕО)

Екипата на ПСЖ го претрпе првиот пораз во новата сезона во Лигата на шампионите. „Светците“ беа поразени во Лондон од Арсенал, а на двата гола на „топчиите“ директно влијаеше Донарума, кој немаше своја вечер на гострувањето на „Емирати“.

Каи Хацерц после една нафрлена топка во 20. минута од средбата, ја искористи грешката на Донарума, и го совлада со глава за предност на англискиот тим. И на вториот гол може да се каже дека виновник е Џанлуиџи Донарума, кој не успеа да го скроти ударот на Сака од десната страна, директно од слободен удар во 35. минута. 

Борусија Дортмунд имаше убедливи 5-1 на полувреме против Селтик. Емре Џан од пенал во 7. минута донесе предност за Борусија, а потоа по негова грешка Селтик преку Маеда израмни само неколку секунди подоцна. Сепак, Адејеми во 11. минута го донесе домашниот тим во нова предност од 2-1 со помош на одбраната на Селтик.

Адејеми своето шоу во првиот дел го продолжи во 30. минута откако со „бомба“ го совлада Шмајхел. Гираси од пенал во 40. минута од средбата донесе и 4-1, а Адејеми хет-трикот го комплетираше во 42. минута со гол од 20. метри. Адејеми мораше на стартот од вториот дел поради повреда да го напушти теренот.

„Милионерите“ не застанаа ниту во вториот дел. Гираси во 66. минута од средбата донесе 6-1, а нововлезениот Нмеча во 79. минута од средбата зголеми и на 7-1.

Милан со 1-0 е поразен од Баер Леверкузен. Стрелец на голот за победа беше Виктор Бонифејс кој во 51. минута го совлада Мањан, кој имаше неколку одлични интервенции и дефинитивно спречи поубедлив пораз. Сепак, Мората во финишот од средбата имаше добра шанса да донесе и бод за „росонерите“, но не успеа да погоди во мрежата.

Освен во Дортмунд, голеада имаше и во Барселона која со 5-0 го совлада Јанг Бојс. Манчестер Сити со 0-4 го совлада тимот на Слован Братислава на гости.

ЛШ, 2. КОЛО

САЛЦБУРГ – БРЕСТ   0-4

ШТУТГАРТ – СПАРТА ПРАГА 1-1

АРСЕНАЛ – ПСЖ    2-0

БАРСЕЛОНА – ЈАНГ БОЈС   5-0

БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – МИЛАН     1-0

БОРУСИЈА Д. – СЕЛТИК     7-1

ИНТЕР – Ц.ЗВЕЗДА     4-0

ПСВ – СПОРТИНГ    1-1

СЛОВАН БРАТИСЛАВА – МАНЧЕСТЕР СИТИ    0-4

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...